Невољи за поранешен фудбалер

Куп неволји го сардисале, како оси, младиот сограѓанин, Срѓан Васиќ. Го познаваат како најборбен фудбалер на Корзо, минатата година, но веќе не е. Нема право да настапува од една необична причина, нема македонско државјанство.
– Овде живеам, по преселбата во 1999 г. од Косово и тука ќе останам. Имам бескорисен српски пасош, но јавно ќе го запалам ако треба, само да ми дадат македонски. Не знам како без документи, како да сум Марсовец – вели Васиќ.
Живее со сопругата Душанка. Невработени се, а немаат право на социјална помош. Наскоро ќе мора да се иселат од изнајмената куќа и да бараат нов покрив над главата.
– Само општината може да помогне – вели Срѓан Васиќ.
![]()

