Есенското време не ги спречуваат планинарите од Картуш да измаршираат по неколку десетина километри. Не знаеме дали избегнуваат правење ајвар или толку им лежи природата. Како и да е, 30-тина ентузијасти тргнале од селото Плетвар и ја продолжиле маршрутата до чешмата Плетварски Студенец, каде се поделиле на два табора. Првиот се упатил кон селото Ореовец, а другиот се искачил до врвот Козјак преку месноста Бело по доста стрмен терен. После се спуштиле до селото Крстец, каде се воодушевувале на природното чудо – пештерата Рамина, исполнета со сталагмити и сталактити, таложени со векови да создадат природно уметничко дело.
Финиширале со посета на манастирот кај селото Оревоец каде пак тимот се собрал во полн состав, и со убави импресии се вратиле дома.