Карате
На плоштадот “Александрија” се одржа јавна демонстрација на карате спортот. Учествуваа од најмлади до највозрасни, носители на меѓународни медали. Вкупно беа над 200 од клубовите Ронин, Бонсаи, Спорт 94, Прилеп Баше, Форца, Тиквеш… Мотото е “Нека светот го открие каратето”. Сите се убедени дека со вакви кампањи овој спорт ќе добие олимписки статус.
Манифестацијата е дел од проектот на светската карате федерација, а кај нас е поддржана од Локалната самоуправа.