Од вечерва до недела
Од вечерва до недела ќе се одржи 12 -иот интернационален детски фестивал ,,Ѕвездички,,. На сцената во ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе продефилираат со песни ѕвездички од десетина земји, меѓу кои Македонија, Русија, Србија, Украина, Бугарија, Летонија, Романија, Унгарија, Молдавија, Белорусија… со нови детски хитови.
На финалната вечер в недела ќе се пласираат најдобрите, од изборот на меѓународната жири комисија.
Целта на фестивалот не е само презентација на нови песнички, туку и дружење на децата од различни краеви, како и запознавање со културата на земјите – учеснички.
![]()

