Во ЦК “Марко Цепенков”
Пет филма од германската филмска продукција ќе можат да се видат без пари од 18 до 20 октомври во ЦК “Марко Цепенков”. В четврток е комедијата “Машки срца и голема љубов”, в петок се анимираниот “Конференција на животните” и драмата “Прозорец кон летото”, а в сабота “Остров наречен Удо” и трагикомедијата “Три – четврт месечина”.
Осмиот Фестивал на новиот германски филм ЦК ,,Марко Цепенков,, го реализира во соработка со Амбасадата на Р.Германија во Македонија и Прокредит банка.