Пинг – понг
Како во фудбалот три екипи во втората лига, така и во пинг – понгот три прилепски тима се во Супер лигата. Во 1. коло шампионот Младост продолжи во стар стил и дома со 5-0 ги совлада Силни дечки од Куманово. Во тимот на Младост уште придонес дава со 53 години Зоран Јованоски. В недела е дербито на гости кај Работнички.
Најновиот од трите клуба, ППК Прилеп дома загуби со 2-5 од штипски Гоце Делчев. В недела дома игра со Струга, а мечот е интересен поради скорешниот премин на Саше Јаковлески од Струга во Прилеп. Екипата на Младост 96 не му се спротивстави на Работнички. Дома загуби со 0-5. В недела е поправен испит кај Влае.
Трите тима користат разни сали, РК Прилеп во ОУ “Р. Левката”, Младост во Гимназијата, Младост 96 во СОУ “Р. Р. Ричко”.
![]()

