СТАРО ДЕРБИ

РК Прилеп – Младост

Ривалот од Богданци е кандидат за врвот

В недела (16 ч.) во арената “Сонце” е традиционалното дерби, РК Прилеп – Младост, во 3. коло од машката Прва лига. Гостите од Богданци децении наназад претставувале респектиран противник и секогаш – тврд орев. Мечот е убав тест за можностите на обновениот тим од тренерот Орде Илиески, кој и самиот бил актер на некогашните пресметки помеѓу двата тима.

Кога се споменуваат овие ривали, се будат сеќавања за полна сала и неизвесна борба на паркетот. Младост доаѓал со странци, главно Срби, Црногорци и Руси. Претседател, тренер и сé во клубот беше Ѓорѓи Петрушев. Битката беше секогаш за висок пласман и место во Европа. Сега интересно е да се види со кои нови генерации располагаат двата клуба.

Младост во претходните кола имаше реми, 21-21 на гости кај Вардар Полог, а победа 24-21 дома со Драчево. РК Прилеп двапати гостуваше, прво загуби 35-30 од Драчево, па победи 25-33 кај Јехона во Гостивар. Голмани се Митрески и Трајкоски, крила Чолаков, Петрески и Чадамоски, бекови Орданоски, Локвенец, Бозароски, пивот Когој.

Три меча

В недела уживање за љубителите на ракометот во арена “Сонце”. Има три меча во серија. Во младинската женска лига, од 12 часот играат Жито Прилеп – Илинден, во 14 ч. е дуелот од женската Прва лига, РК Филип 107 – Ѓорче, а на крајот е пресметката РК Прилеп – Младост.

Loading