СОУ “ЃОРЧЕ ПЕТРОВ” ВО ПОСЕТА НА СЛОВЕНИЈА

На меѓународната академија на средно европски училишта во Лашко, Словенија, меѓу 107 училишта од 15 земји од Средна и Источна Европа, претставник од Прилеп било СОУ “Ѓорче Петров”. Тоа било најава за годинешниот циклус на натпревари за прекугранични училишни партнерства. Темата била медиумската писменост. Точно 11 училишта од Македонија ги претставуваа своите проекти, меѓу 40 пријавени.

Дораја Еберле, член на Одборот на ЕРСТЕ Фондацијата, се воодушевила од разновидноста на темите и рекла дека учениците ќе ја развијат својата медиумска свест преку училишен магазин, радио програма или ќе направат видео. Сите активности ќе ги охрабрат учениците да развијат критички став, да станат одговорни набљудувачи и да бидат креатори на медиумските содржини.  

Настанот ќе им овозможи на учесниците – партнери, меѓусебно да се запознаат, да ги разработат натамошните активности и да стекнат корисни вештини за управување со проектите, запознавање со нови методи на подучување и учење во врска со медиумската писменост.

– Најважно е да се научи да се живее во мултикутурно општество, каде се почитуваат разликите на другите заедници – рекол Рајнхард Екарт од Интеркултурниот центар.

Очекуваме учениците од “Ѓорче Петров” пријатно да нé изненадат со некоја меѓународна награда.

Loading