СЛИКИ ОД ДРАГИ ХАЏИ НИКОЛОВ

Во ЦК Марко Цепенков

Изложба на слики “Етно приказни” од уметникот Драги Хаџи Николов – Аџи ќе биде отворена в среда, 10 октомври, од 20 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков” во рамките на одбележувањето на празникот 11 Окомври.

Според Владо Урошевиќ, делата имаат етнографски карактер, бидејќи се декор за еден помал регионален музеј, додека за Васко  Ташковски, Хаџи Николов извлекол минато на платно.

– Го насликал времето минато и го испраќа како документарна порака за времето идно – потенцира Ташковски.

Драги Хаџи Николов е дипломец на ФЛУ во Скопје, отсек сликарство. Живее и работи во Гевгелија. 

Loading