Со пригодна поетска вечер синоќа во Библиотеката “Борка Талески” се чествуваше ликот и делото на големиот македонски поет Никола Јонков Вапцаров во рамките на одбележувањето на 70 години од неговата смрт. Поетската вечер, под патронство на Библиотеката и ДНУ, ја одбележаа поети од поранешното поетско прилепско друштво Никола Јонков Вапцаров и претставници од новиот Литературен клуб на творци. Пригодна реч за Вапцаров имаа Петар Петрески, директор на Библиотеката и д-р Љубен Попоски, претседател на ДЛУП, при тоа потсетувајќи дека поезијата на Вапцаров е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.