
Не стивнува, туку се забревтува интересот за учење и усовршување на германскиот јазик во гимназијата “Мирче Ацев”. Секцијата по германски јазик под менторство на Зоран Стојкоски е расадник на следни професори. За Европскиот ден на јазиците – 26 септември – професорот бил вицешампион во конкуренција на 26 професори од цела Македонија. Тоа е само дел од мозаикот на Стојкоски кој се вградува во љубовта кон јазиците и предавање на стекнатото знаење.
За две години заминува во пензија, а зад него останува искуството, знаењето, пренесено не само кај учениците, туку и кај колегите, бидејќи капитал, мудрост и умешност е зрелоста. Без разлика на возраста го изучува англиски јазик.
Применетиот модел на натпреварот, професорот го искористил во дополнителната настава што ја изведува 22 години во сабота.
– На една клупа се ученици кои зборуваат англиски, до нив се ученици на германски, а на третата клупа седат ученици што зборуваат македонски. Едноставно кажано ја пренесуваме играта “расипан телефон” во училишните клупи, со тоа што се трудиме телефонот да не биде “расипан”. Огромна е потребата за изучување на два светски јазици кај младите. Радосен сум што интересот е голем, а се залагам тој да не се смали по моето заминување во пензија – кажува Стојкоски.
Учениците што подобро знаат англиски им помагаат на тие што подобро знаат германски и обратно. Досега тоа успешно им оди, затоа што јазиците се блиски еден со друг.
Мотивираните ученици идната година скоро сигурно ќе го земат германскиот јазик како еден од предметите за државна матура, за што имаат доволно подготвеност и најнови материјали.
– Не заменлив е кадарот излезен од гимназијата. Сите се професори и преведувачи по германски јазик – завршува Стојкоски, кој планира да замине Австралија да го усовршува англискиот јазик, затоа што, како што вели, нема влез во ЕУ, без познавање на минимум два светски јазици.
![]()

