ОУ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ” НА ЕКО ТУРНЕЈА

На покана на НВО “ОХО”, Министерството за образование и Швајцарската Агенција за поддршка, претставници од ОУ “Блаже Конески” предводени од директорката Марија Дулева направиле студиска посета на Еко градинки, основни и средни училишта во Словенија и Хрватска. Турнејата е плод на реализираните ЕКО активности и добиениот статус на највисоко зелено знаме кое е поставено на јарбол во училишниот парк, како единствено училиште од Прилеп што ја понело највисоката еко зелена награда.

Најпрвин биле меѓу децата од предшколска возраст во Ледина во Љубљана, Словенија, па биле гости на Министерството за животна средина, претставени како македонска делегација, а ја виделе и имплементацијата на Еко содржините во градинката уште од најмали нозе. Го “освоиле” и Крањ со присуството на доделувањето на еко знамиња во регионот во Словенија. Еден ден од престојот во Словенија  минале со учениците од едно основно училиште во Љубљана.

   Во интересното патешествие отишле и во Домжале. Им биле претставени нивните проекти, а гостите подариле промотивни материјали од Прилеп.

Во соседната Хрватска, во Загреб имале средба со деца со посебни потреби во едно училиште. Во загребската градинка “Лептир” ги сретнале учениците како креираат предмети со природни материјали.

   Дулевска резимира дека посетата била корисна, оти стекнала сознанија што можат да им дадат нов креативен импулс на децата во ОУ “Блаже Конески”.

Loading