НЕМА ЈУНАК ЗА ПРОЛЕТЕР

Фудбал

ФК Пролетер, на најубав начин, со победа, го одбележува јубилејот, 65 години постоење. Во 3. коло од А Општинската лига третпат триумфираше, дома над Боротино со 4-0. Успехот е во чест на починатиот клупски претседател Седат Рифатоски – Пајо. В недела е нов предизвик, на Металец, Прилеп сити – Пролетер. Останати: Гарван – Боротино, Тризла – Обршани, Кадица – Козара, Динамо – Слога, Чепигово – Варош.

Во Општинската Б лига, Црвена ѕвезда од Сенокос има девет бода од три меча. Последно страдаше Црнилиште со 5-0. Во идното коло Ц. ѕвезда оди кај Напредок во Крушеани. Останати: Црнилиште – Беровци, Илинден – Пелагонија, Канатларци – Клепач. Во Третата лига југ Борец сее страв насекаде. Лесно го совлада со 1-5 на гости Братство од Житоше. В недела Борец дома го чека Млекар. Останати: Младост – Г. Коњари, Превалец – Партизан, Тополчани – Братство, Кадино – Росоман.

Loading