В понеделник и вторник
Научен симпозиум за Борка Талески и Лазо Филипоски – Лавски организира Библиотеката в понеделник и вторник во одбележувањето на 70 години од убиството на народните херои. Во првиот дел, научен со пригодни излагања ќе се претстават еминентни историчари меѓу кои д-р Тодор Чепреганов од Институтот за национална историја, Рубин Белчески, м-р Марјан Иваноски, м-р Соња Николова, а претставници од Сојузот на борци ќе евоцираат сеќавања за нивните современици – борци.
Во вторник од 19 часот е поетското музичко чествување, на кое ќе говорат м-р Славчо Ковилоски, а ќе настапат и ученици од музичкото училиште.