НАЈСЛАДОК ГОЛ ВО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА

Фудбал: Второлигашки возбудувања

Втората фудбалска лига не е за потценување, барем според возбудувањата. Играчите колку можат, се борат до крај. Корзо беше пред пораз, кога прими гол во 88. минута од фаворитот Гостивар. Во 93. минута судијата се готвеше за последен свиреж, а Благојче Стојаноски вторпат со глава ја затресе мрежата за 2-2.

– Најслатко е вака. Играме, не се даваме со никого – порачува крушевчанецот.

Корзо зеде две засилувања во одбраната, Ралевски и Пановски од Новаци, а преговара со крилото Марковски од Пелистер. В сабота е гостувањето кај Охрид. Токму со Охрид славеше 4-2 минатото коло тимот на 11 Октомври. В сабота е гостувањето кај Еуромилк.

– Редно е да земеме нешто и од гости – порачуваат од 11 Октомври.

Победа в сабота (15 ч.) дома игра со Баби од Штип, каде тренер е Драган Христовски, неомилен во градов. Веројатно нема да се појави. Победа минатото коло загуби 1-0 од Скопје и првпат се жали на судиите.

– Смешни ситуации. Откако поведоа, домашните се влечеа, лежеа по теренот и фрлаа топки отстрана да се прекинува играта, а судиите толерираа –  вели Златко Петрески, тренерот, кој бара замени за исклучените Богоески и Карчески.

Loading