Димитар Стевананџија – пратеник во парламентот
Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, илустрираше слики и читаше текстови од магазинот Порта во Парламентот, споредувајќи какво било образованието во Прилеп пред доаѓањето на Марјан Ристески за градоначалник пред осум години и какво е денес.
– Во магазинот, чиј сопственик е ценет и долгогодишен новинар, кој целиот живот го положи на реалното информирање, а е и татко на кандидатот на СДСМ за градоначалник, Хари Локвенец, вака пишува за прилепското образование.
“Единствено училиште со училница на отворено. Директоре Кузески од ОУ “Кире Гаврилоски”, училиштето беше едно од најдевастираните и најзапуштените. Што се случи во минативе години училиштето да добие нов лик и подобри услови?” Таткото на кандидатот на СДСМ за градоначалник пишува: “Оддалеку фасцинира тоа што го нема ни во едно училиште во Прилеп или Македонија. Тоа е лицејот, училница на отворено, како онаа во која Аристотел им предавал на своите ученици во преубав цветен амбиент. Тоа е отворено 15 часа, шест дена во неделата и е гордост за градот”. Понатаму, за средното хемиско училиште во Прилеп, пишува “дека е најдобро уредено, гордост на нашиот град”. Во магазинот на Локвенец може да се прочита долг, ама вистинит наслов.”Импресијата восхитува. Ново лице на зградата, нова надворешна и внатрешна дограма, уреден влез, чисти ходници, блескави училници со компјутери за секое дете. Преубаво уредена и со творби од учениците украсена табла”. Уште еден наслов, “За ОУ “Гоце Делчев” – 400 000 евра од првата кинеска донација за Прилеп”. Потоа следи текст: “реновирано е целосно училиштето со средства и од локалната самоуправа, светли коридори, нови тоалети, одржани училници, опремени кабинети, чувство на блискост и топлина. Владата за учениците ќе изгради и тениско игралиште кое ќе овозвожи подобар психофизички развој на децата”. Локвенец напишал дека за последните две години во прилепското образование се инвестирало колку за 20 години. Еве што стои во текстот за ОУ “Климент Охридски”. “Во 2005 година директорот го начекал училиштето со очајни санитарии, немолерисани училници, руинирани фасади, дотраена дограма, стари подови, неуредени и запуштени дворни површини и слично”.
Според Стевананџија, магазинот на Локвенец ја доловува реалната слика.
– Во минатото, локалната самоуправа на СДСМ не инвестираше денар во образованието. Би било нормално за друга општина, но од Прилеп беше заменикот министер за образование, кој наместо да се грижи за осумте основни и петте средни учлишта во Прилеп да добијат поубав изглед, подобри санитарни јазли, да добијат училишни сали, не направи такво нешто. Локалната самоуправа водена од ВМРО – ДПМНЕ успеа, учениците денес да бидат горди кога ги посетуваат училиштата не само во Прилеп, туку и во населените места. Просветните работници и техничкиот персонал со задоволство одат на работа, и на крај родителите се радосни од условите за школување на нивните деца – вели Стевананџија.