ЌЕ СЕ ЗАВИЕ МАРИОВСКО ОРО

В недела Мариовско – Мегленски културни средби

В недела од 11 часот во манастирот ,,Св. Илија,, во Мариово ќе се одржат традиционалните Мариовско – Мегленски културни средби. Манифестацијата се збогати со рекреативна велосипедска тура “Мариово на дланка”. Во пригодна културно уметничка програма ќе настапат Гоце Пилоски на гајда, фолклорен ансамбл од Воден, ученици од насоката за традиционална музика и игра од музичкото училиште “Илија Николовски – Луј” и студенти од Факултетот за музичка уметност од Штип од одделот за етнокореологија кои ќе исполнат музика од мариовско – мегленскиот регион.

Со поддршка на општината, средбите ги организираат Здружението на Мариовско – Мегленски културни средби и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци.

Loading