Со македонските знамиња како иконографија и декор на уметничките дела, прилепчанката Ита Аџиеска ги претстави своите дела во Њу Џерси. Изложбата, отворена по повод 8-ми Септември, Денот на независноста, ја видоа ногу посетители при едномесечното излагање на сликите во Градската библиотека на Гарфилд од Њу Џерси. Аџиеска посакувала изложбата свечено да ја затвори македонскиот претседател Ѓорге Иванов, при неодамнешната посета, но организрањето на настаните во САД се планирало пред една година и не било можно надополнување на агендата. Така изложбата свечено ја затворил градоначалникот Џозеф на 27 септември.
Инаку, Аџиеска, која освен што слика, се занимава и со стајлинг на манекенки и бодиарт, пред голем број посетители, ги прикажа ликовните дела со мотиви од 11 делови од Балканот, како и Македонија со Галичник.
Таа подготвува изложба во Њујорк, во Македонскиот културен центар. В година ќе има и турнеја низ локалните градови и Големото јаболко.
Пред две години Аџиеска со самостојна изложба се претстави пред прилепчани.