ЕДЕН МАСЕР ЗА ДВА КЛУБА

Александар Столески напомош на фудбалерите

Кога играа Корзо и 11 Октомври, при повреди на играчите втрчува в терен еден ист човек – Александар Столески. Физиотерапевт е со лиценца од ФФМ и голем “запаленко” кон овој спорт.

– Татко ми играше во пониски рангови, ме внесе и сакаше од мене да стане фудбалер. Свесен бев дека посилна страна ми е медицината и решив да се ангажирам во фудбалот, но како физиотерапевт – вели Столески.

Многу вреден масер. Судијата само дава знак и спринтерски со торбата трча накај легнатиот фудбалер. Се укажува првата помош и играта продолжува на задоволство на сите. Лекарот е најсреќен, кога пациентот е здрав. Успева да стигне за двата клуба. Од страна го потпрашуваат за кого навива, за едниот или за другиот.

– За трите клуба. Сум бил и во Победа, по смртта на Драган Мирчески. Сега таму е колегата Тошко Алваџиоски. Душа давам за фудбалот, а Прилеп пак ќе биде прв како некогаш – порачува Столески.

Loading