Откако крстареа по планините и шумите на Бугарија и Албанија, планинарите на Картуш í се нафрија на домашната убавина. Овојпат ги “нападнаа” да ги впијат прекрасните есенски панорами во околината на селото Железнец, Демирхисарско. Во есенската горештина се разладуваа од бистрите води на изворот на Црна Река. По нагорната патека, го “прегазија” и селото Големо Илино. Покроце, без форсирање, испешачиле до манастирот Свети Илија на врвот Лисец. Километрите не ги броеле, затоа што уживале во прекрасната букова шума. Маршот им ги наполнил душите низ листовите кои пожолтуваат. Го “фатиле последниот летен воз” за поход низ полјанки, честаци и гори пред да навасаат облаци и дождови, пред да стегне студот, кога, покрај атрактивните дестинации и зимските пејзажи, на дел од планинарите ќе им згасне жедта за природа и попријатен ќе им биде пукотот на огнот крај домашниот пампур.