Моделарство: Светски купови “Трофеј Прилеп” и “Македонија”
На спортскиот аеродром кај Мало Коњари во организација на ВФМ, АК Прилеп, поддржани од општината и спонзорите, се одржаа два светски купа во воздухопловно моделарство. Во однос на резултатите на нашите, се истакна Бојан Димески од АК Прилеп кој во конкуренција на седуммина, на “Трофеј Прилеп” и “Светски куп Македонија” во Ф1Б двапати се искачи на пиедестал, како второпласиран, прво зад Србинот Андрија Пешиќ, после зад Словенецот Миха Лемут. Од Македонците медали освоија уште од АК Скопје, Аљоша Анастасов, втор меѓу 14 во Ф1Б и Коста Стојановски двапати втор меѓу тројца во Ф1Ц. Најмасовна беше категоријата Ф1А, првиот ден со 35, вториот со 37 натпреварувачи, а победија Амброж Вртовец од Словенија и Кимо Алмако од Финска.
Останати победеници: Ф1Б Радое Благоевиќ од Србија и Исмет Јуртсевен од Турција, Ф1Б јуниори двапати Бојан Гостоиќ од Србија, Ф1Ц двапати Рајнкард Трупе од Австрија. Директорот на куповите Здравко Тодороски може да биде задоволен од масовноста, како никогаш досега учествуваа над 50 моделари од 16 земји.