Простор проект
Искусните архитекти Димитар Брдароски и Џими Хаџипопоски ја создале фирмата Простор проект да проектираат куќи, да ги проценуваат вредностите на објектите за потребите на банките и фирмите за кредитирање, проектираат ентериер на банки, деловни објект, аптеки, домови…. Во бизнисот влегле пред 14 години со ориентација да внесат свежина, нов дух и функционалност во домовите и канцелариите. Проектите за дизајнирање на внатрешната архитектура, ја изведуваат од под до таван, од гипс-картони, ламинат до електрична инсталација, канализација, преградување ѕидови и поставување на внатрешна столарија.
– Специјализирани сме за ентериер. Проектираме архитектонски решенија комплетно, по фази. Сé повеќе се користат нашите предлози во согласност за барањата на инвеститорите. Луѓето ги следат светските трендови на уредување на домовите. Бараат различни комплицирани зафати, кои ги изведуваме како што ги замислиле. Располагаме со своја служба. Соработуваме со подизведувачи, само на сопствениците да им ги доловиме во јаве нивните соништа. Внатрешниот дизајн не е само стручност, туку и уметност. Затоа сме барани и надвор од градов. Имаме и биро за дизајнирање на ентериер во Скопје. Наши дела се главно индивидуални куќи, потоа Стопанска Банка, Алфа Банка, Халк Банка, а во Скопје сме ја дизајнирале КРКА – фарма од Словенија. Го правевме целосно новиот дел на судот во Прилеп, а во стариот ги реновиравме сите судници – објаснува Хаџипопоски.
Работеле со Микрон, реновирале во 11 Октомври и во Тутунскиот комбинат. Ја дотерувале внатрешноста на Универзалната сала. Повеќе аптеките се резултат на инвентивните стручнаци.
Осумчлениот тим архитекти и соработници со лиценци се овластени проценители на објектите на фирмите и банките.
– Проценуваме објекти на фирмите и банките за обезбедување гаранции ихипотеки при кредитирања од стрсна на банките. Соработуваме со Тутунска банка. Застапници сме за Прилеп, Битола, Неготино, Кичево и Демир Хисар. Одговорни сме и за надзор на градбата на некои објекти -објаснува Хаџипопоски, кој соопштува дека успеваат да ги пребродат времињата на општа криза во економијата.