“Производната цена на тутунот” е новата книга од д-р Љубен Попоски, што ја издаде Друштвото за наука и уметност.
Авторот претендира на анимирање и постепено решавање на недоразбирањата меѓу производителите и купувачите преку цената на тутунот, како сложен фактор во производствениот процес што може да доведе до воспоставување на подобри односи меѓу тутунарите и откупувачите на тутунот.
Д-р Попоски моментно е претседател на ДНУ. Има објавено над 60 стручни и научни трудови, а учествувал во 13 инвестициски програми, како и на три меѓународни.