Неделава, возниот ред на градското вовче беше со специјална агенда. Кој што имаше наумено понекогаш, само да си се повози, овојпат не можеше да најде билет. Сé беше распродадено, и тоа предвреме. Кога корисното и убавото ќе се спојат, резултатите не можат да бидат послаби од – одлично. На иницијатива на учениците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, дел од наставните часови, на пониските одделенија, беа реализирани преку рекреативо – едукативна настава. Учениците уживаа во прошетката низ градот со малото вовче, кое ги однесе на секое интересно и значајно место за нив. Видоа колку Прилеп е “гооолем” и убав, а стигнаа и до места каде што никогаш не биле. Ученичката возна тура ја започнаа учениците од ОУ “Рампо Левката”, кои од Могилата стигнаа дури до Античкиот театар. Секое училиште си има свој возен ред. Ги носи учениците на места, подалеку од нивното училиште, а, ако случајно ги видете, мафнете им!