ОУ “Кирил и Методиј”
Учебната година успешно им тргна на првачињата од ОУ “Кирил и Методиј” од селото Канатларци. Трите деца од комбинираната паралелка на македонски јазик како едно ја слушаа учителката и “ја голтаа со очи”, чекајќи што ќе каже следно. Малата паралелка има и нови 23 првачиња на турски наставен јазик.
Ученичката Христина Митаноска од седмо одделение од селото Подмол е добитник на прва награда на меѓународниот конкурс за фотографија во Кикинда, Србија. Во тамошната галерија била отворена изложбата на најуспешните учесници, а честа за отворање на свеченоста ја имала нашата Христина.
На конкурсот учествувале и други ученици од ОУ “Кирил и Методиј”.