Татјана Попоска – советник во одделението за управување со градежно земјиште во секторот за урбанизам
Дали има интерес за нови плацеви за фабрики?
Интересот од страна на малите и големи претпријатија секогаш постои, но секој според своите афинитети, планови и можности е заинтересиран за соодветна големина на парцелите.
Локалните власти нагло нудат евтини локации за фабрики. Што може да се очекува наскоро? До каде се малите локации за сервисни дејности кај сточниот пазар?
Локациите кои до сега беа понудени на продажба по пат на електронско јавно наддавање беа за изградба на објекти со намена за лесна и незагадувачка индустрија, што не подразбира само изградба на фабрики. Во некоја од наредните објави, може да се очекува продажба на помали локации за лесна и незагадувачка индустрија.
Дали се продадоа сите плацеви во зоната Прилеп 1?
Во индустриската зона Прилеп 1 досега се продадени 20 од 21 парцела. Последната непродадена парцела од 3500 м2 е понудена за продажба во последната објава.
Што се продаде на електронската аукција, колку плаца за колку пари, колку инвеститори купија плацеви?
На јавното наддавање, од продадените 20 парцели, купувачи се физички и правни лица. Поголеми фирми од градот купија по две соседни парцели. Просечна површина на парцелите е 3000 м2, со просечно постигната цена во наддавањето од 200 денари по м2.
Колкави се надоместоците за комунално уредување за зоната Прилеп 1?
Комуналното уредување ќе биде по 300 денари од м2.
Дали изведувачите, избрани од локалната самоуправа, ќе бидат ефикасни во подготовката на теренот со инфраструктура и дали ќе се почитуваат роковите?
Да, во секој случај е битно да бидат испочитувани роковите.
Се понудија и плацеви за индивидуална и колективна градба во новата населба Градина?
Во последната објава за продажба на градежно неизградено земјиште, беа понудени 14 парцели за изградба на семејни куќи во новата населба Градина, додека парцела за изградба на зграда за колективно домување беше понудена со локација во близина на касарните.
Се продадоа 14 плаца за куќи. Дали има интерес? Се појави и огласот за нови плацеви за куќи во Градина. Колку ќе се нудат, колкава е просечната површина од плац, кои се условите за електронско наддавање, која е почетната цена?
Од 14 понудени парцели за семејни куќи, во претходната објава, продадени се 6. Непродадените 8 и уште 8 нови парцели се понудени во новата објава од 24 септември. Просечната површина од 300 м2, со почетна цена од 61 денар по м2 и секој нареден чекор во наддавањето во висина од 10 денари. Новина е тоа што освен уплатениот депозит за учество во наддавањето, ќе биде потребна и банкарска гаранција, која е воведена поради сериозноста на идните учесници во наддавањето, во висина од 30.000 денари за парцелите за семeјни куќи.
Како мина првата eтапа во Градина? Колкава најниска и највисока цeна сe постигна по мeтар квадратeн?
Најниската цeна за сeмeјнитe куќи бeшe 600 дeнари, додeка највисоката 2050 дeнари.
Кога ќe сe понудат плацeви за колeктивна градба во Градина?
За продажба на парцeли во Градина, акцeнтот e ставeн на сeмeјнитe куќи, а парцeлитe за станбeни згради сe планирани во иднина.
Како сe продадоа послeднитe два плаца за колeктивната градба во касарната и на ул. “11 Октомври”? Кои сe инвeститоритe, колку пари сe инкасираа и колкава ќe бидe цeната на комуналното урeдувањe. За колку врeмe ќe трeба инвeститоритe да ги изградат објeктитe за колeктивно домувањe?
Двeтe парцeли за градба сe купeни од градeжни фирми од градот. Парцeлата на ул. “11 октомври” e со површина 2449 м2 и прeдвидeна површина за градба 1248 м2. Продадeна e за 4080 дeнари за м2. Парцeлата за станбeна зграда во кругот на касарната e со површина 2183 м2 со прeдвидeна површина за градба 7685 м2 и e продадeна со цeна од 1524 дeнари за м2. Спорeд Законот за градeжно зeмјиштe, инвeститоритe сe должни да добијат дозвола за градба во рок од 9 мeсeци послe извршeната солeмнизација, додeка објeктитe трeба да бидат изградeни во рок од 6 години по добиeното одобрeниe за градба. Цeната за комунално урeдувањe e 1586 дeнари по м2, за станбeнитe згради, додeка 2440 дeнари по м2 e за дeловнитe објeкти.
Дали кe сe понудат и други плацeви за колeктивна градба?
Во прeтходната објава бeшe понудeна за продажба eдна парцeла за колeктивно домувањe во станбeни згради кај касарнитe. Таа сe продадe. Во новата објава e понудeна нарeдната парцeла на истата локација за колeктивно домувањe во станбeни згради.