РК ПРИЛЕП СО ШЕСТМИНА ОД ТК БРЕНДРК ПРИЛЕП СО ШЕСТМИНА ОД ТК БРЕНД

Ракомет

Машкиот РК Прилеп, низ официјална промоција во кафетеријата “Калипсо”, е претставен на јавноста. Проектот е на локалната самоуправа и неколку фирми, како конфекцијата Кули и за авто делови Матадор. Стратегијата е трпеливо, чекор по чекор од Првата кон Супер лигата и – Европа.

– Одделивме 10 илјади евра за клубот каде доминираат младите. Го повикуваме бизнис секторот на општествена одговорност. Без избрзување, како грешката што се случи во фудбалот, треба да се работи макотрпно, а потоа за околу две години природно е да се заслужи влегувањето во повисок ранг – порачува градоначалникот Марјан Ристески.

Клубот има 16 првотимци, претежно од школата на младинскиот РК Филип. Поискусни се шестмина: голманот Бобан Митрески, бековите Александар Бозароски, Јане Локвенец, пивотот Петар Когој, крилата Ице Чолаков и Никола Чадамоски. Настапуваа за ТК Бренд и згаснатиот РК Прилеп.

– Квалитетот на Првата лига одговара постепено да ја градиме екипата. Никаде не брзаме. Не чека долг, тежок пат. Имаме броен играчки потенцијал, оформивме и школи. Се потпираме на нашите деца. Прилеп ќе добие ракомет каков заслужува – вели Орде Илиески, тренерот.

Првата лига стартуваше, РК Прилеп загуби 35-30 во Драчево, а викендов пак на гости, на Јехона во Гостивар.

Loading