НОВ АВТОБУС ЗА ДЕЦАТА ЗА НА УЧИЛИШТЕ
Малите ученици од поодалечените населби ќе се превезуваат до училиштето со новиот општински автобус, што Прилеп го доби на подарок од кинеската влада. Релацијата на новиот општински автобус ќе биде од населбата Жабино маало до ОУ “Климент Охридски”.
– Со тоа многу повеќе ќе се подобрат условите и контролата за транспортот на ученици – вели советникот за образование, Марјан Матракоски.
Инаку, линиите од Жабино маало до ОУ “Климент Охридски” и од Сточен пазар до ОУ “Рампо Левката”, локалната самоуправа ги организира уште од 2005 година.