ПРОФЕСИОНАЛКИ НЕ СМЕАТ ВАКА

Жито Прилеп

Две лица на Жито Прилеп. По победата 32-19 на пријателската, меѓународна со грчкиот првак Орми Патрас, само три дена подоцна првенствен пораз 28-26 од младинскиот тим на Металург. Професионалки не смеат вака. Тренираат секој ден два – трипати во оптимални услови и мора да победуваат послаби од себе.

– Ги лоциравме грешките кај поединки. Изостана меѓусебна поддршка во одбрана, а во напад се избрзуваше. Ќе ја пребродиме кризата и ќе го вратиме оптимизмот спроти европскиот предизвик со Швеѓанките – вели Борче Марковски, тренерот.

Поради џудо турнирот, наместо в недела, мечот со Куманово е в сабота (18, 30 ч.) во арената “Сонце”.

Loading