ПРИЛЕПЧАНИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВО ЊУ ЏЕРСИ

Неколку стотина прилепчани и другите Македонци кои живеат во близината на Њу Јорк, во државата Њу Џерси, имаа средба со претседателот Ѓорѓе  Иванов и неговата сопруга при престојот во САД на генералното собрание на ООН. Во црквата Свети Никола, нашите сограѓани ги истакнале длабоките врски со родната земја, особено со Прилеп и нивната подготвеност за инвестиции во својот град. Укажале на единство на македонската заедница во  Њу Џерси, каде живеат околу осум илјади Македонци, од кои половината се прилепчани.

Љупчо Дошлакоски изјави дека претседателот имал конструктивен разговор со домаќините.

Прилеп пред неколку години се збратими со градот Гарфилд во Њу Џерси. 

Loading