ПЛАТЕН ИЛИ БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ

Откако паркинзите на булеварот се наплатуваат по час, сé повеќе возачи бараат чаре за избегнување на плаќањето. Има неколку, кај старата бања, кои наместо на паркинзите, се паркираат на поплоченото земјиште. Дали е тоа дозволено и дали возачите се сопственици на земјиштето, не е познато, или пак можеби е “кој превари – тој товари”.

Многумина “играат рулет” со “пајакот”, па се паркираат на коловозот со пуштени четири трепкачи. Во трка со времето, ризикуваат да го бараат возилото кај терминалот, до крајното одредиште на “пајакот”.

А специјалното возилото постојано демне несовесни возачи кои го пречекориле џентлментскиот лимит од три-четири минути, договорен на лице место штом возачот го напушта возилото.   

Loading