Екипата на риболовното друштво Мамец се врати со седум пехари и медали од риболовниот меморијален куп “Христо Пандиловски – Мачорот”, што се одржа на акумулацијата Стрежево кај Битола. Браќата Рубинчо и Блаже Николоски и Иван Илиоски ги поразија колегите со поголема рибарска традиција, измамувајќи на пливката и во мрежата повеќе риби од 33 рибарите од земјава, од Србија и од Грција. Екипно го освоија купот и го задржаа преодниот пехар во свои раце, бидејќи трета сезона со ред се носители на челната позиција на купот. Се закитија со медали и во поединечна конкуренција. Највисоко на тронот се качи Илиоски. Втор, односно трет, беа браќата Рубинчо и Блаже.
Купот во ловење риби се организира во чест на прерано починатиот риболовец од Битола – Мачорот.
Бистро им беше и на рибарите на Пец – пец. Екипно изловија најмногу риби, меѓу 17 екипи, меѓу кои три од Србија, на вториот куп натпревар во дисциплината ловење на риба со пливка на езерото Младостс кај Велес. И поединечно, третото место го зазеде и со медал се врати Тони Петрески.