ОТКРИЕНА НОВА РАНОАНТИЧКА НЕКРОПОЛА ГРАМАЃЕ

На локалитетот Старо Бонче и Високо

Нова раноантичка некропола досега непозната во археолошката наука е откриена при истражувањата на локалитетот Старо Бонче и Високо што ги вршат на неколку пункта археолози од Филозофскиот факултет од Скопје, од Заводот и Музеј и прилепски студенти по археологија, предводени од раководителот на проектот д-р Виктор Лилчиќ.

– Рано е да зборуваме за новиот локалитет, оти ископуваме уште на две точки крај гробницата од македонски тип, по архитектонската концепција, единствена на овие простори. Таа е уникатна и една од најубавите објекти од раната антика. На втората точка беа пронајдени трите штита од гардата на македонскиот крал Деметри. Целта ни е да го откриеме археолошкиот контекст на овие извонредни наоди пронајдени пред шест години – вели доцент д-р Антонио Јакимовски.

Истражувањето, кое годинава ќе трае до 15 октомври, е финансирано од Министерството за култура. Континуирано трае од 2006 година. Се истражува кралската гробница, за која, д-р Виктор Лилчиќ претпоставува дека е античкиот град Пелагонија.

Loading