НАКИТ И СТОМНИ КРИЕЛ ВЕПРЧАНСКИОТ ТУМУЛ

Завршија истражувањата на локалитетот Сламите, Мариово

Накит и стомни се пронајдени при годинешните археолошки истражувања на локалитетот Сламите кај селото Вепрчани, Мариово.

– Пронајдовме значајните наоди  од 4-5 век од нашата ера, односно од доцно античкиот период. Откривме керамички садови – стомни за вода, накит од бронза и сребро, односно белезици, прстени, наушници. Тоа се вредни артефакти кои говорат за животот на овие простори во праисторијата и антиката – вели археологот Александар Миткоски, раководител на проектот.

Со завршните ископувања се потврдија сознанијата дека во 4 век продолжила традицијата на погребување во населбата, која е на стотина метри северно од  гробницата.

Пронајдените артефакти откако ќе се конзервираат ќе се заштитат со цел да бидат презентирани на изложба. 

Loading