КАРТУШОВЦИ ВО АЛБАНИЈА НА ПАСТРМКА

Планинарите од Картуш не ги фаќа место. Постојано се движат. Некогаш ектремен марш кој бара добра кондиција, а некогаш лесна прошетка, колку да не се седи дома.

Педесетина зафатиле преку албанската граница. Од преминот Свети Наум покроце, меѓу албанските бункери од Енвер Хоџа, се шеткале низ излетничките места крај Охридското Езеро. На местото Тушемиште, слично како изворите кај Свети Наум, домаќините ги нагостиле со вкусната охридска пастрмка. По одличниот ручек, пеш стигнале до градот Подградец низ бункерите на плажите, останати од социјализмот. Кусо го разгледале и ја почнале етапата од осум километри назад кон македонската граница. “Дома” го освоиле манастирскиот бисер на границата. Пред заминување, шетнале малку на брегот на нашето најубаво природно езеро.

Loading