ЕДНА ЖЕНА МЕЃУ 10. 000 ГЛЕДАЧИ

Историја

Пред повеќе децении било незамисливо жена да оди на стадион. Фудбалот бил сметан за строго машка работа. Некаде во 60-те години се појавува првата храбра девојка, Цене Велеска, денес вработена во Медицински центар.

– Натпревари следев од 10 години, но малечка не ме забележуваа. Кога пораснав, при влегување ме исвиркаа, цела публика негодуваше. Што бара женско на стадион? Нема ништо срамно, им се спротивставив – се сеќава Велеска.

 Редовно седела на малата трибина со братот Љупче, внуците Пепи и Тони, комшивчето Перо. Единствена жена меѓу 10 илјади гледачи. Се радувала на победите на генерациите Гец, Каше, Цане, после Истатов, Мечев, Глигоро, до Грошев, Јонуз…

– Така 30 години. После спласна интересот, кога доаѓаа тимови како Турново. Револтирана сум што скопјани ја уништија Победа. Штета. Чекам да се врати во прва лига и пак да појдам на стадион – порачува Цене Велеска.

Loading