ДВА СВЕТСКИ КУПА

Моделарство

Одамна најавените светски купови во воздухопловно моделарство се викендов, во организација на ВФМ и АК Прилеп. На спортскиот аеродром кај Мало Коњари, в сабота е “Светски куп Прилеп – Трофеј на Прилеп”, а в недела “Светски куп Македонија”. Според директорот Здравко Тодороски, ќе учествуваат 60 натпреварувачи од Финска, Германија, Холандија, Чешка, Русија, Шпанија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Бугарија, Турција и Македонија. Има носители на светски куп, европски и светски вицепрваци.

Конкуренцијата е во три дисциплини, слободнолетачки воздухопловни модели: едрилици, гуменици и на погон со клипен мотор.

Loading