На првата сесија на Форуми на заедницата, граѓаните ги бараа приоритетите за социо-економски развој на општината, а кои можат да го подобрат животот на локалната заедница. Проектите се следат со 80 илјади швајцарски франци, од кои половината се од општината, а другиот дел од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Програмата го поддржува процесот на децентрализацијата и овозможува учество на граѓаните во развојот на заедницата. Тоа е платформа за развој, оти овозможува граѓаните да го подобрат својот живот со сопствени идеи.
Програмата стартуваше во 2007 година, а нашиот град беше еден од првите, кога се реконструираше Паркот на револуцијата и пешачката патека во Варош.