“ЗМЕЈОВАТА НЕВЕСТА” НА МОТ

Со претставата “Змејовата невеста” во режија на Нела Витошевиќ, театарот в понеделник, 24 септември гостува во Скопје на 37 издание на фестивалот Млад отворен театар, што годинава се одржува под мотото “Нешто е гнило”. Нашиот театар ќе настапи во друштво на театри кои значат на балканските  простори.

Фестивалската публика ќе ја проследи со интерес “Змејовата невеста” со музиката на Огнен Анастасовски, сценографијата на Констатин Трпеноски, костимографијата на Роза Трајческа, бидејќи е ефектна престава, мошне поетична, колоритно сценска, со прецизна нарација, преку која се раскажува приказната за љубовта на Јана и Змејот.

Претстава која има позитивна енергија која ја пренесуваат актерите Даниела Ивановска, Марија С.Илијеска, Зоран Ивановски, Александар Степанулески, Наташа Наумоска, Димитар Горѓиевски, Јасмина М. Станкоска, Катерина Чакмакоска, Ангела Наумовска, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Црцороски, Никола Настоски, Александар Тодески.

Со “Змејовата невеста” театарот вторпат гостува во Скопје, по летниот настап на “Скопско лето“. 

Loading