Прилепскиот бенд “Д Хаундс” (пци) на музичкиот канал Јутуб го промовираа новиот видео запис за песната “Розитка”. Текстот е на Петар Голуб, познат како Сиги (Токсикологија). Музиката е на бендот, аранжманот го изработија заедно со Нино Васков – Стерео Рекордс, а продукцијата е пак на Стерео Рекордс. На оваа нумера како придружни вокали соработуваа Марија Јовановска и Сиги.
Спотот е во режија на Огнен Шапковски, а локацијата е гимназијата “Мирче Ацев”. Реализирацијата е поддржана од локалната самоуправа.
Песната наскоро ќе се врти на најдобриот музички канал – MTV Адриа. Се очекува да биде поставена и на топ листата.
“Пците” постојат од 2009 година. Членуваат Златко Карчески (вокал и бас гитара), Крсте Карчески (гитара) Илија Мирчески (тапани) и Јане Петкоски (гитара и придружни вокали).
Тие имаа огнено крштевање на МТВ заедно со актерот Александар Степанулески и спотот Ало.