
Младите од Црвениот крст постојано ги промовираат хуманите вредности. Во содржините за 21-27 септември е изведбата на претставата “Погодете кој доаѓа на вечера”. Тоа ќе е претстава за родителите, соучениците, професорите и за целата зеаедница. Комплетното сценарио, подготовките, рекламите и промоцијата е во организација на младинците – волонтери.
Содржината на претставата е приказната за млада девојка која се вљубува во момче од различна верска припадност. Во претставата се појавува и претставник на Црвен крст со поинакви гледишта и кој се обидува да ја врати човечноста. Крајот на претставата ќе зависи од творците – трагедија или комедија.
Младинците ќе се обидат да потврдат дека почитта за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирањето се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот.
Претставата ќе се прикажува на 24 септември во 20 часот во Ц.К. “Марко Цепенков”.
Годинава младинците од Црвен крст изработија рекордни 153 мали проекти од кои со еден беше помогната градбата на куќа на социјално загрозено семејство.
Екипата на Црвениот крст составена од наши гимназијалци може да се пофали и со првото место на 21 Државен натпревар во прва помош во Велес, каде зад себе ги оставија екипите на општина Центар и Карпош. Натпреварувачите давале помош за повреди предизвикани од различни настани и несреќи на 14 пунктови низ градот.
На првенството имало 24 екипи со 350 учесници. Освен натпреварувачите присутни биле и 50 доктори од повеќе градови, кои ја оценувале работата.
![]()

