ПОЕВТИНИ ОГРЕВНИ ДРВА ЗА СОЦИЈАЛЦИТЕ

Владата ќе им  помогне на граѓаните и за социјално загрозените семејства со поевтини огревни дрва. Цените на дрвата што ги пласира ЈП Македонски шуми  ќе се намалат за десет отсто за  граѓаните, а за  социјалците за 20 отсто. Корисниците на социјална помош ќе можат да купат најмногу пет кубици.

Со новата цена буката ќе чини 2133 денари, кубик или 1896 денари за социјалните случаи. Цените ќе важат до 15 април идната година.

Околу 75 отсто од граѓаните на Македонија се греат на дрва.

Loading