ОФС ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ КАНЦЕЛАРИИ

Убав третман од Општината

Деновиве, надлежната за организацијата на фудбалот во градов, ОФС Прилеп, ги доби двете најпосакувани простории во старата општинска зграда – поранешните канцеларии од градоначалникот Марјан Ристески. Во третата е сместена управата на Третата лига – Југ.

– Благодарност до Локалната. Убаво е, имаме доволно простор за ефикасна работа – вели Марјан Стојкоски – Манта, претседателот.

Инвентар, компјутер, печатач и сé друго е на располагање во канцелариите. Овој општински сојуз секојдневно има полни раце работа, со оглед на системот кој го спроведува. Поради масовноста, поделбата е во два ранга, А и Б, со 19 тима. Под ингеренција се и младинските школи. Нема поголемо населено место без клуб.

– Нови простории, нови надежи дека прилепскиот фудбал ќе се врати на местото кое му припаѓа – истакнува Петре Илиоски, секретар.

ОФС Прилеп 20 години беше во дотраени простории, во зградата од Соколаната.

Браво Младост

В недела е 5. коло од третата лига: Г. Коњари – Бабуна, Кожуф – Партизан, Младост – Сирково, Превалец – Млекар, Вардарски – Братство, Тополчани – Вардар и Кадино – Илинден. Младост од Кривогаштани се држи одлично во првите четири кола. Го совлада и Млекар во М. Коњари со 0-1. Првпат победи дебитантот Братство со Превалец 3-2. Табела: Бабуна, Борец и Кожуф по 10, а Младост четврти со девет.

Во Општинската А лига по победата на гости со 1-3 кај Обршани, Пролетер пак гостува, на Гарван во Десово. Останати: Боротино – Обршани, Прилеп сити – Козара, Тризла – Слога, Кадица – Варош, Динамо – Чепигово. 

Loading