НОВИ УСПЕСИ НА КАЈАКАРИТЕ

Откако им покажаа на своите колеги дека “сувиот” Прилеп, без брзаци на река, може да има успешен кајакарски клуб, ККК Арка доби покана за учество на 11-тата меѓународна регата на Охридското Езеро за Денот на независноста – 8-ми Септември.

Во дисциплината кајак на мирни води – спринт, меѓу екипи од Македонија, Србија и Бугарија, ККК Арка се врати со среброто на пионерите Теодора Стеваноска и Леонардо Пеовски, сребро и бронзата во две категории на кадетката Теодора Стеваноска.

Покрај четворицата на пиедесталот, одлични резултати имаа Антони Мисаилески, Леонардо Пеовски, Нино Спиркоски, Стефан Наумоски и на најмалиот учесник на регатата – јуниорот Орданчо Макалоски.

Loading