Група ученици од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, со професорката по германски јазик Мануела Котеска, учествувале во заедничкиот проект со средно – стручниот училишен центар “Ратко Штокел” од Германија. Првин се посетило училиштето, а нашите ученици присутвувале на часовите. Некои се вклучиле во наставата. При престојот ја ја виделе изложбата на дела од современата уметност во градот Касел. Направиле прилози со впечатоците, а со нив ќе изработат заеднички календар за 2013 г., кој ќе е завршен производ на ученичката размена. Дел од агендата била и посетата на младинската образовна работилница во Фелсберг. Се запознале со повеќето занимања кои ги совладуваат учениците. Ја разгледале и керамичката работилница на рачно изработени предмети од глина во местото Вилингсхаузен, каде можеле сами да си изработат парче накит.
Гостите од Прилеп ги запознале домаќините со локалната култура и со националното и културно наследство. На финалната вечер македонските и германските ученици подготвиле некои карактеристични јадења од Македонија и Германија.
Германските ученици ќе ја возвратат посетата во април 2013 година.