Џудо
Успех од најмладите во џудо клубот Сеишин. Изминатиот викенд беа на меѓународниот турнир во Србија “Шести куп на Прокупље 12” и забележаа добри резултати во пионерска конкуренција. Малата екипа од 10 члена, освои четири медали, кои ќе бидат поттик за натамошна работа. Вторите места се за Александра Најдоска и Марко Талески, а третите за Бојан Пашоски и Давид Синадиноски. Настапија вкупно 362 џудисти од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција.
ЏК Сеишин се подготвува за организација на меѓународниот турнир “Прилеп – град херој – 12”, најавен за 30 септември.