МАРШ НА МИРОТ

“Мирот е една од човековите најдрагоцени потреби, мирот е наша највозвишена задача – бараме прекин на огнот и насилството”. Ова е дел од пораката на ОН за меѓународниот ден на мирот – 21 Септември, а која Сојузот на борците од НОБ и граѓаните, продолжувачи на придобивките од 1941 – 1945 од Прилеп и Македонија ја прифатија како мото за нивниот “марш на мирот”.

Маршот ќе се изведе денеска во 11 часот, тргнувајќи од Участакот со цел Могилата на непобедените.

Со тоа ветераните оддаваат почит на тие што ги дале животите за нашата слобода и мир.

Loading