БОШЊАК ВЕЖБАШЕ СРЕДЕ БАГДАТ

Гимнастика

Мошне необично, но се случи – наши, македонски гимнастичари да одработат двонеделни подготовки во Багдат, главниот град на Ирак. Импресиите се многу позитивни од тренерот од КГС Партизан Прилеп, Златко Ангелески, кој ги водеше најдобрите гимнастичари, прилепчанецот Дино Бошњак и битолчанецот Иван Крстевски.

– Две прекрасни недели со националната селекција на Ирак. Имаше и други странци, од Ерменија и Русија. Разменивме искуства, низ контакти и со нивниот олимписки комитет – воодушевен е Златко Ангелески.

Додека низ улиците на Багдат можеле да се видат борбени возила, војска, Македонците се чувствувале најбезбедно во неколку преубави, модерни сали, каде се тренирало и вршела демонстрација на вежби. Домашните ги сноселе трошоците и понудиле финансиска и материјална помош. Соработката продолжува.

– Буквално 24 часа беа со нас. Покажуваа кујна, традиција. Снимивме 11 пати за ТВ. Инвестираат многу. Салите се со клима, најнова технологија. Во знак на благодарност ни врачија убава плакета, а ги поканивме на возвратна посета – истакнува Ангелески.

Loading