Уметникот и стрип цртач Златко Крстевски учествуваше на 47 меѓународна сликарска колонија Ех Темпоре во Пиран, Словенија. Воодушевен од убавините на градот, Крстевски создал импресивни уметнички дела, кои ќе бидат претставени на изложба во Пиран.
Крстевски последните неколку месеци учествуваше на ликовни манифестации, изложби на стрипови и стрип работилници низ Европа.