По тримесечно затишје од летниот распуст, неделникот Зенит продолжува со иста шема, посветувајќи ја страницата девет за основците и средношколците. Со “полни батерии” очекуваме бура од случувања, награди и други манифестации на кои учествувале или ќе учествуваат нашите ученици. Уште од сега почнете да се спремате за среќниот епилог на нашата страница – одбирање на Најученик, Најодделение, Најнаставник и Најучилиште, затоа што само со континуирана работа, доаѓаат успесите кои ние ги бележиме. Изборот ќе е во Мај, но за пресижната титула мора да се трудите во текот на целата учебна година. Засега ви посакуваме многу успех во учењето и примерно однесување. Наставниците и професорите да продолжат како и лани, со взаемно разбирање помеѓу учениците. Што ќе “посадите”, тоа ќе “жнеете”, а сакаме петките да бидат главна “реколта”.
Страницата е во целост за вас – драги ученици, па бидете сигурни дека секоја случка или настан ќе најде место во нашиот весник.